Во текот на изминатото деноноќие во државава 72 лица не ја почитувале забраната за движење, при што биле приведени 59 лица, а за останатите ќе следуваат соодветни мерки.

Според статистиката на МВР, на 88 лица им се издадени решенија за изолација, додека пак 55 лица потпишале изјави за самоизолација.

-Полициските службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ги почитувале мерките за изолација и самоизолација, информират од МВР.