– На 26.08.2019 во Тетово при сообраќајно-контролни активности биле откриени и законски санкционирани 12 лица кои ги управувале возилата без положен возачки испит, осум возачи кои непрописно ги паркирале нивните возила, шест возила со истечена регистрација и двајца возачи – почетници, кои не се придржувале на предвидените законски ограничувања. За овие и останатите прекршоци поднесени се прекршочни и мандатни платни налози.

На 26.08.2019 во 17.39 часот на улица „Васко Карангелески“ во Битола, мопед „јијинг“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Б.Г.(38) од Битола удрил во пешакот А.С.(29) од Битола. Б.Г. се здобил со тешка телесна повреда, а А.С. се здобила со телесна повреда и биле пренесени во Клиничката болница Битола. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.

На 26.08.2019 околу 15.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека И.Б.(53) од с.Врбјани, додека изведувал градежни работи, паднал од импровизирано скеле, при што се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во Ургентен центар Гостивар, каде му била укажана лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26.08.2019 во 18.40 часот во СВР Велес било пријавено дека настанал пожар на пругата на релација Велес –Кочани, при што биле опожарени прагови од пругата, а железничкиот сообраќај бил во прекин. Екипа од противпожарната единица од Велес го изгаснала пожарот.

На 26.08.2019 во 15.20 часот на регионалниот пат Куманово-с.Липково, кај с.Лопате, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „пежо 206“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Е.(22) од с.Слупчане, Кумановско и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Ќ.А.(45) од с.Лопате. Во незгодата Ќ.А. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Куманово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

На 26.08.2019 околу 19.15 часот во СВР Скопје, Б.З.(37) пријавил дека на ул. „Банатска“ бил физички нападнат од повеќе соседи по расправија околу паркирање на возила и фрлање смет. Според пријавеното, нападнати биле и К.Ѓ (32) и С.Ѓ. (56), кои се обиделе да го спречат нападот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.08.2019 во 02.55 часот во СВР Скопје, Џ.Х.(22) од Скопје пријавил дека на улица ,,Максут Садик’’ бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26.08.2019 во 22.00 часот во СВР Скопје, З.С.(46) од Крива Паланка пријавил дека на фудбалско игралиште во с.Миладиновци неговиот малолетен син бил физички нападнат од К.С.(38) од с.Миладиновци и неговата малолетна ќерка. Направен е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 26.08.2019 во 19.30 часот во ПС Струга, 52-годишен жител на струшко село пријавил дека А.А.(24) од с.Подгорци, струшко, во периодот од 23 до 26.08.2019 извршил полов напад врз неговата ќерка. Се работи на расчистување на случајот.

На 26.08.2019 во 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека едно лице физички нападнало и му нанело повреда на десната нога со остар предмет на 17 – годишно лице на бул.„Крсте Мисирков“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26.08.2019 околу 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека повеќе лица, почнале расправија во угостителски објект на плоштадот „Скендер бег“, а потоа и физички, надвор од објектот, ги нападнале Н.М.(20), Б.М.(17), Ф.Х.(17), Ф.В.(17), П.С.(17) и Д.М.(45), сите од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26.08.2019 во 16.30 часот во Полициската станица Карпош било пријавено дека на 21.08.2019 во автомат клуб на булевар „Партизански одреди“ непознат сторител извршил кражба и одзел пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.