Центарот за управување со кризи информира дека пожарот кај селото Ораовец денес повторно се активирал.

Истиот вчера беше ставен под контрола, но поради силниот ветер, непристапниот терен и недогаснатите трупци смрека, повторно се активира.

Од РЦУК Велес известени се сите субјекти во СУК, а на терен делуваат повеќе од 50 лица од Противпожарната единица, ДЗС, ЕЛС, Црвен Крст, но поради ветерот тој брзо се шири и тешко се контролира.