Осумдесетгодишна старица од Скопје се здобила со повреди откако паднала при симнување од градски автобус.
Во СВР-Скопје вчера во 15:30 часот било пријавено дека на улицата „11 Октомври“, спроти Зелен пазар, Ѓ.Ј.(80) од Скопје паднала додека се симнувала од автобус на ЈСП, управуван од Ж.К.(58) од Скопје.
Според пријавата на Ѓ.Ј., автобусот тргнал додека таа се симнувала. На Ѓ.Ј. и била укажана помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде и биле констатирани повреди и по укажаната помош била пуштена на домашно лекување.
Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на расчистување на случајот.