Министерството за внатрешни работи денеска преку соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да соработуваат со полицијата доколу забележат лица кои продаваат пиротехнички средства и да ги пријават на полициски службеници лично или преку бесплатниот телефонски број 192.– Неовластената употреба на пиротехнички средства (петарди, палење ракети и други пиротехнички средства) со кои се нарушува јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните се казнува со глоба во износ од 200 до 500 евра, потсетуваат од МВР.
Апелираат особено до малолетниците да не употребуваат петарди бидејќи тие претставуваат опасност за нивното здравје.
Неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивни материи и Кривичниот законик на Република Македонија.