Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера во 11:30 часот на крстосницата од улица „Ангел Динев” и улица „Есперанто” во Скопје помеѓу товарно моторно возило „Мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(38) од Скопје и патничко моторно возило „Сеат Ибица” исто така со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(71) од Скопје.

По незгодата со друго возило Ј.М. бил пренесен во Градска општа болница „Свети Наум Охридски”, каде од страна на доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово – Полициска станица Гостивар вчера околу 11:30 часот  во село Чегране, гостиварското го привеле А.С.(46) осуден на тригодишна затворска казна за сторено кривично дело„ недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

По кусото задржување во Полициската станица Гостивар, А.С. предаден е во КПУ„Идризово“ за издржување на затворската казна.

Во велешко Градско вчера во периодот од 10 до 12 часот со наредба од Основен суд Велес се извршени претреси во домовите на лицата О.П.(36) и П.К.(54).

Во домот на О.П. од Градско пронајдени се девет куршуми 9мм додека кај лицето П.К. исто така од Градско пронајдени и одземени се едно автоматско оружје со пластична рамка, еден пригушувач на звукот, 11 куршуми  9мм. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од КЗ на РМ  „Неовластено изработување, држење, поседување и тргување со оружје или распрскувачки материи”.

Во Демир Капија вчера во 14:40 часот е пријавено дека во близина на „Прждевски споменик“, Н.Б.(41) од село Могорче, дебарско, додека товарал вреќи со жито во трактор „ИМТ 539“ со дебарски регистарски ознаки сопственост на Џ.Б.(45) од истото село, во еден момент тракторот сам се придвижил, при што Н.Б. се здобил со тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.

Полициски службеници пронашле рибарски мрежи спроти плажите „Лагадин“ и „Елешец“ на околу 300 метри од брегот на Охридското езеро, при патрола ноќеска во 00:10 часот.

Се работи на расчистување на случајот.

Во полицијата  било пријавено дека вчера во село Трубарево, скопско, настанал пожар во куќа сопственост на  Р.Ј.(53), кој бил локализиран во 13,50 часот.

Повредени лица нема. Од пожарот опожарена е целосно покривната конструкција и вториот кат од куќата.

С.А.(21) од Скопје пријавил дека  вчера во 09:10 часот избувнал пожар неколку минути  откако ја распалил скарата во угостителски објект лоциран на улица „Бранко Зревски” во Скопје, сопственост на неговиот татко.

Во пожарот опожарен е оџакот и дел од кровната конструкција од објектот. Пожарот е локализиран и изгаснат од страна на Противпожарна екипа Драчево во 09,30 часот, повредени лица нема.

Полициски службеници од граничен премин „Деве Баир” вчера во 17:50 часот  го привеле лицето M.С.M.(56)  од Бугарија поради основано сомнение за сторено кривично дело „Фалсификување исправа“ казниво по член 378 од КЗ на РМ.

Приведениот е задржан за понатамошна постапка.