Полицијата ноќеска привела маж од Кичево, кој го нарушил јавниот ред и мир со викање и оштетување патнички автомобил на улица „Пресека“ во градот.

– Љ.А. (46) од Кичево во 1:30 часот по полноќ го нарушил јавниот ред и мир на улицата „Пресека“ во Кичево со викање и оштетување на патнички автомобил. Тој е приведен во полициска станица по што, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски.