Полицијата привела двајца вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и против нив покренала дисциплинска постапка откако, како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, кај нив пронашла марихуана завчера при преглед на возилото во кое патувале на ул. „Козле“ во Скопје.
– Завчера околу 18.20 часот на ул.„Козле“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на лицата В.П.(28) и Д.Г.(26), двајцата од Скопје, вработени во УБК, кои биле со патничко возило „Опел корса“. При преглед на лицата и возилото била пронајдена и одземена марихуана. Двајцата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот со соодветен поднесок известено е ОЈО Скопје, се вели во соопштението од МВР.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против вработените во УБК повел постапка за утврдување дисциплинска одговорност.