Во текот на изминатите 24 часа на ниво на цела држава вкупно 42 лица не го почитувале полицискиот час, а од нив 32 се приведени, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Оттаму информираат дека на 53 лица им се издадени решенија за изолација, а 76 лица потпишале изјави за самоизолација.
– Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, инфомираат од МВР.