Три лица, од кои едниот малолетник, во текот на вчерашниот ден се приведени во полициската станица во Кичево поради извршен физички напад врз такси возач.
– Околу 22:00 часот вчера во полициската станица во Кичево биле приведени С.Ј.(24), А.А.(18) и 16 – годишен малолетник, сите од Кичево. Претходно, тие околу 19:40 часот на патот од селото Србјани кон Македонски Брод, кај селото Издеглавје, физички го нападнале такси возачот А.Г. и му го одзеле возилото „Фолксваген пасат“ со охридски регистарски ознаки, со кое ги превезувал од Охрид кон Кичево. соопштуваат од МВР.
Од таму информираат дека веднаш по пријавувањето на настанот биле преземени мерки од страна на полициски службеници и за кратко време лицата биле пронајдени и приведени. При преземањето дејства, со повреди се здобил еден полициски службеник.
По целосно документирање на случајот, се наведува во соопштението, против трите лица ќе биде поднесена соодветна пријава.