Во текот на изминатото деноноќие на територијата на нашата држава регистрирани се вкупно 591 прекршок за не носење лична заштита, а 48 лица не ја почитувале забраната за движење од кои 38 се приведени.
Како што соопшти МВР, во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија на 166 лица им се издадени решенија за изолација, а 197 потпишале изјави за самоизолација.
-Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и евидентирани се седум лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, информираат од МВР.