Скопјанец кој вчера била нападнат од куче од расата ротвајлер отишол дома го зел пиштолот и го застрелал, информира МВР.

Вчера во 18:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „1439“, во дворот од куќата, 44-годишниот Д.Б. со пиштол усмртил куче „ротвајлер“, сопственост на неговиот сосед, 55-годишниот Ѓ.Н., кое, според пријавеното, претходно, го нападнало.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.