Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал вчера до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(63) од Тетово осомничен за сторено кривично дело „тероризам“, предвидено и казниво по член 394-б став 2  од Кривичниот законик.

– На 17 декември 2022 од својот мобилен телефон, пријавениот С.Ѓ. се јавил во ОВР Делчево, при што лажно се претставил и пријавил дека на повеќе локации во градот има поставено бомби, соопштија денеска од МВР.

Полициски службеници извршиле преглед на посочените објекти, при што не биле пронајдени сомнителни предмети.

По преземени мерки и активности, посочуваат од МВР, на 22.12.2022 С.Ѓ. бил лишен од слобода и во Полициската станица Тетово со него бил извршен службен разговор, по што му бил одземен телефонот и две СИМ картици.