Полициски службеници лишиле од слобода 17 лица, откако кај нив се пронајдени марихуана, бела прашкаста материја, повеќе видови таблети и пакувања со тврда материја.
– Во периодот од 22:30 часот на 07.12.2021 до 02:50 часот на 08.12.2021 во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 15 лица, и тоа Ѓ.Б.(24) од Србија, Л.К.(18) од Скопје, В.А.(38) од Гевгелија, М.Ѓ.(20) од Битола, Б.Н.(22) од Свети Николе, В.Х.(23) од Скопје, Д.Т.(23) од Косово, А.С.(25) од Скопје, Љ.В.(30) од Косово, Ѓ.Д.(18) од Велес, К.М.(23) од Штип, М.Н.(18) од Штип, С.Т.(25) од Скопје, Б.С.(20) од Скопје и Љ.Ј.(20) од Скопје. При преглед кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, повеќе видови таблети и пакувања со тврда материја, соопшти денеска МВР.
Како што посочуваат оттаму, вчера во 21:30 и 21:35 часот, на паркинг просторот кај Спортски центар „Борис Трајковски“ приведени се и Л.К.(20) од Косово и Н.В.(25) од Куманово, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја.Сите 17 лица се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.