Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Кисела вода, Отсек за потраги, вчера на улица „Стари Новакиња“ во населба Драчево, по добиена судска наредба, го лишиле од слобода М.Н. (31) од Скопје.
За него била распишана Централна потерница за издржување на казна затвор од една година и шест месеци, во врска со член 236 од Кривичен законик. М.Н. е предаден во Полициска станица Драчево за понатамошна постапка.