Министерството за внатрешни работи вчера спроведе зајакната акциска контрола на територијата на цела држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 424 возачи.
Од нив, како што информира МВР, 40 се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 225 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 199 надвор од населено место.
Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.