Полициските службеници од СВР Охрид утринава околу 3:00 часот пронашле 12 вреќи во кои имало 196 пакувања со марихуана во близина на регионалниот пат Подмоље-Радожда, пред струшкото село Калишта, информира МВР.
По насоки, добиени од јавен обвинител, марихуаната е предадена за вештачење и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.