Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ја предводи делегацијата од Министерството за внатрешни работи која во Берлин, Сојузна Република Германија, ќе учествува на Состанокот на министри одговорни за внатрешна безбедност и миграција од земјите учеснички во Берлинскиот процес.
Како што соопшпти МВР, министерот Спасовски ќе има обраќање на Состанокот.
– Денеска ја предводам делегацијата од Министерството за внатрешни работи во Берлин, Сојузна Република Германија, каде што ќе се обратам на Состанокот на министри одговорни за внатрешна безбедност и миграција од земјите учеснички во Берлинскиот процес, објави Спасовски на својот официјален профил на Фејсбук.