На патниот правец Валандово-Струмица, пред влез во село Костурино, синоќа во 20:45 часот при проверка на патничко возило „рено трафик“ со битолски регистарски ознаки, полициски службеници од Полициска станица Стар Дојран пронашле 28 лица мигранти, а возачот на возилото го напуштил местото на настанот.
Од МВР денеска информираа дека мигрантите биле предадени на полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Исток за понатамошна постапка.