Во скопското село Црешево вчера во 18.45 часот полицијата го привела Д.Н.(42) од село Брњарци, кој се барал со потерница за издржување казна затвор од една година.
Од МВР денеска информираа дека полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек за потрага и од ЕВР Кисела Вода, врз основа на судска наредба, го привеле Д.Н., кој бил спроведен во казнено-поправната установа Затвор Скопје.