Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден само на територијата на град Скопје има изречено вкупно 188 мерки, меѓу кои 10 за возење без возачка дозвола.

Како што соопштија денеска од МВР, 20 се за технички неисправни и нерегистрирани возила, осум за користење на мобилен телефон и три санкции за минување на затворен семафор. Изречени се 71 мерка за непрописно паркирање.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, наведуваат во соопштението и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.