На територијата на град Скопје изречени се вкупно 134 сообраќајни мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 59, 15 санкции за возење без возачка дозвола и четири за технички неисправни во јавен превоз.

Од МВР информираат дека се изречени осум санкции за користење мобилен телефон, шест санкционирани возачи на  мотоцикли, две мерки за некористење сигурносен појас и 14 санкции за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.