Министерството за внатрешни работи во рамки на засилените акциски контроли, на територијата на град Скопје изрече вкупно 133 санксии од кои 63 за возење повеќе со брзина над дозволената, девет за возење под дејство на алкохол и три за минување на црвено светло.
Изречени се и девет санкции за возење без возачка дозвола, како и четири за користење мобилен телефон.
-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведува МВР.