На територијата на град Скопје вчера во рамки на засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно 149 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции.

Како што соопштија денеска од МВР, 18 санкции се за возење без возачка дозвола, пет за возење под дејство на алкохол, а изречени се пет мерки за некористење сигурносен појас, исто толку и за користење на мобилен телефон, шест за нерегистрирани возила.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.