На територијата на град Скопје вчера во рамки на засилените сообраќајни контроли се изречени вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51, 17 санкции за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Од МВР денска соопштија дека се изречени и осум санкции за користење мобилен телефон, 27 за некористење сигурносен појас и 39 санкции за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, најаивја од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.