На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 179 мерки, од кои 29 за управување со брзина поголема од дозволената.
Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение наведува дека од вкупниот број, само 23 мерки се за возење без возачка дозвола, шест за нерегистрирани и технички неисправни возила, седум санкции за управување под дејство на алкохол, 14 за поминување на затворен семафор (црвено светло) и 11 мерки за користење на мобилен телефон.
Засилените сообраќајни контроли, стои во соопштението, продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.