Угледот на македонската армија и на Република Македонија го рушат Радмила Шекеринска и Стево Пендаровски. Македонија 2,5 години нема воен претставник во седиштето на НАТО, затоа што НАТО го одби кандидатот кој што Шекеринска и Пендаровски го испратија. Тоа е дипломатски скандал од највисок степен.

Ова се истакнува во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

– Самиот факт што пулените на Шекеринска и Пендаровски не ги поминуваат НАТО филтрите говори дека власта го руши угледот на државата. Ова отвора и ново прашање, дали кадарот на Шекеринска и Пендаровски е вратен од страна на НАТО затоа што бил соработник на странска тајна служба од земја која не е стратешки партнер на Македонија? Залудни се обидите на СДСМ да ги исперат Шекеринска и Пендаровски и вина да бараат во други. НАТО даде потврда на нивната неспособност и аматеризам со дипломатската шлаканица која им ја удри, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.