Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што на територијата на Град Скопје се изречени вкупно 241 санкции, меѓу кои 18 за возење со брзина поголема од дозволената, 14 за управување возило под дејство на алкохол и 26 за управување без возачка дозвола.
Исто така, изречени се и 20 санкции за прекршоци што ги извршиле возачите на мотоцикли, 10 санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, 24 санкции за некористење сигурносен појас, 23 за користење мобилен телефон при управување возило, една за минување на црвено светло и 50 санкции за непрописно паркирање.
– Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се додава во соопштението.