Вкупно 269 сообраќајни мерки се изречени во текот на вчерашниот ден на територијата на Град Скопје, меѓу кои 78 за непочитување на брзина на движење.
Од МВР денеска информираа дека од нив, 26 санкции се за возење без возачка дозвола и 19 за возење под дејство на алкохол.
– Изречени се 17 санкции за користење мобилен телефон, девет мерки за возач почетник, осум за некористење сигурносен појас, шест за минување на затворен семафор (црвено светло), 37 за непрописно паркирани возила, се наведува во соопштението од МВР и се додава дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.