На територија на град Скопје вчера беа изречени вкупно 313 санкции во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, што ги спроведува МВР.
Како што информираат од МВР, за возење без возачка дозвола санкционирани се 35 лица, 27 санкции има за технички неисправни и нерегистрирани возила, 91 мерка за непрописно паркирани возила и 54 санкции за неносење заштитна маска.
-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението на МВР.