На територијата на град Скопје вчера беа изречени 429 санкции, меѓу кои 62 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, 35 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 31 за возење без возачка дозвола, а 58 санкции за неносење на заштитна маска.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.