Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје, како што се посочува, изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 21 мерка за возење без возачка дозвола, три мерки за минување на возила на црвено светло, четири за некористење сигурносен појас, 12 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, три за возење под дејство на алкохол, 41 мерка за непрописно паркирање, 15 за непрописно престигнување и обиколување, шест за нерегистрирани возила.
Од МВР информираат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.