Во текот на вчерашниот ден, во рамки на зајакнатите сообраќајни контроли, Министерството за внатрешни работи соопшти дека на територијата на град Скопје изречени се вкупно 203 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 58 санкции, шест прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, осум санкции за возачи почетници, 18 санкции за управување без возачка дозвола.
Од МВР информираат дека се изречени и 24 санкции за возење под дејство на алкохол, 11 санкции за користење мобилен телефон, три санкции за некористење сигурносен појас, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за недавање на првенство на минување на пешаци, 46 санкции за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, предупредува МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.