Во текот на вчерашниот ден во Скопје полицијата казнила 219 возачи од кои 22 за брзо возење, а 12 за возење во алкохолизирана состојба.
Од МВР соопштија дека полицијата вчера казнила осум возачи за технички неисправни и нерегистрирани возила, 12 за користење на мобилен телефон, пет за некористење на сигурносен појас и 73 санкции за непрописно паркирање.
Полицијата апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.