Во тетовско Брвеница вечерва е уапсен Жарко Гроздановски, кој е претставен како водач на Христијанско братство.
Причина за апсењето, како што е наведено е тоа што преку видео порака му се заканил на премиерот Зоран Заев.
Од МВР информираат дека синоќа во 19:50 часот во Тетово е уапсен 46-годишниот Ж. Г. од селото Брвеница, бидејќи околу 15 часот на социјалните мрежи објавил видео со заканувачка содржина.