Министерството за внатрешни работи вчера спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 340 возачи.
– Од нив, 29 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 165 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 175 надвор од населено место, соопштија од МВР.
Засилените акциски контроли според најавата на МВР продолжуваат и во наредните денови. Од таму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.