Во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изречени се вкупно 467 санкции за возачите од кои 101 се за пречекорување на дозволената брзина на движење.

Како што информира МВР, за возење без возачка дозвола казнети се 60 лица, 63 за технички неисправни и нерегистрирани возила, изречени се 74 мерки за непрописно паркирање, 60 возила се подигнати со пајак, а изречени се и 46 казни за неносење на заштитна маска.

Од МВР посочуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и  апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.