Во текот на изминатото деноноќие на територија на целата држава, по однос на уредбата за носење на лична заштита на лицето констатирани се вкупно 673 прекршоци од страна на МВР.
Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска на својот фејсбук напиша дека на територијата на државата, според евидентираните податоци, на 91 лица им се издадени решенија за изолација, а 78 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ги почитувале мерките за изолација и самоизолација.
– Министерството за внатрешни работи и понатаму ги презема неопходните мерки и активности кои се однесуваат на почитување на мерките на Владата, а се насочени кон справување со пандемијата од коронавирусот, напиша Чулев на фејсбук.