За неносење маска во текот на вчерашниот ден се регистрирани вкупно 467 прекршоци, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.