МВР ЗА ПУКАЊЕТО КАЈ АЛЕКСАНДАР ПАЛАС: Тројца пукале кон петмина и побегнале, повредени нема!

/ 01.12.2019

Ноќеска пријавено е пукање од огнено оружје во хотел „Александар Палас“ во Скопје, а во инцидентот како што информираат од МВР нема повредени.

-На 01.12.2019 г. околу 00:35 часот пријавено е пукање од огнено оружје во хотел Александар Палас во Скопје. Повредени лица нема. Според пријавеното, додека во ресторанот на хотелот седеле Е. И. (21), Е. И. (25), О. Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25) три лица почнале да пукаат кон нив. Тогаш Љ.Ќ., полициски службеник кој не бил на работа, испукал од службениот пиштол кон нив, по што тие заминале. Повредени лица нема, се наведува во соопштението од МВР.

Од МВР информираат дека се работи на расчистување на случајот.

(МИА)


Од истата категорија