Наша битка денес е битката во која ќе се избориме против арамиите и криминалците и таа битка не смееме да ја изгубиме, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во партиската кампања на прав пат.

– Во изминатиот период имавме многу заеднички битки. Битки имаа и нашите предци, едните се бореа за создавање на државата во Втората светска војна и се изборија, други се бореа да создадат независна суверена Македонија и успеаја. Наша битка беше да создадеме слободна и европска држава и тоа го направивме со рушење на режимот во 2017 година. Но, имаме уште една битка која заедно ќе ја добиеме. Наша битка денес битката во која ќе се избориме против арамиите и криминалците и таа битка не смееме да ја изгубиме. Само преку добивање на битката против криминалот и корупцијата, државата има шанси. Има шанси и за младите има шанси и за нови работни места, за квалитетно здравство и образование. Затоа, ајде да истраеме во битката против криминалот и да продолжиме да градиме европска Македонија, објави Спасовски на Фејсбук.

Оваа објава се случува токму на ден во кој во скопскиот хотел Александар Палас имаше мафијашка пресметка, а потоа и запален џип во Арачиново, кој бил користен во акцијата. А само неколку дена пред оваа „битка на Спасовски“ исчезна затвореникот за убиство на Мартин Нешковски… Истава објава доаѓа по многу објавени и заташкани афери за рекет, тендери, криминал…