Министерството за здравство соопшти дека почнувајќи од 12 јули вакцинацијата против Ковид-19 ќе се одвива во постоечките вакцинални пунктови од здравствените домови и болниците во државата, а во спортските сали ќе се одвива масовна ревакцинација.
Од Министерството посочуваат дека од 12 јули ќе може да се вакцинира секој граѓанин без оглед дали е пријавен или не се пријавил на веб страницата vakcinacija.mk .
-Секој кој сака да се вакцинира истото ќе може да го направи без закажан термин, а паралелно ќе се одвива и вакцинацијата на граѓаните кои се пријавиле на vakcinacija.mk , информираат од Министерството.