Седумнаесет лица од вчерашната статистика не биле починати во последното деноноќие, изјавуваат од Министерството за здравство. Вчера беше соопштено дека во последните 24 часа пријавени се 41 починат од компликации од Ковид-19, а сега за Телма од Министерството изјавиле дека се само 24.
Останатите сега само се евидентирале затоа што починале во приватни болници или дома, па пријавувањето одело преку матичните лекари. Инаку меѓу починатите имаше и млади лица. Осумнаесетгодишна е мајка на шестмесечно бебе, а починаа и луѓе кои имале 23 и 31 години.
Од Министерството велат дека од вкупно починати 41 пациенти само 11 биле без хронични заболувања, 29 од нив се со повеќе од две хронични заболувања а сите имале и кардиолошки болести.