Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.953 дози вакцини, од кои 1.282 се аплицирани како прва доза, 3064 се ревакцинирани, а 67 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 28 септември вкупно се вакцинирани 785.693 граѓани, ревакцинирани се 724.835, а трета доза примиле 137 граѓани, соопшти Министерството за здравство.
Од граѓаните над 40-годишна возраст 52 отсто се ревакцинирании, а 32 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 47 отсто, а со две дози опфатени се 43,5 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, информираат од Министерството.