Министерството за здравство денеска информира дека двете компаниите што го добија тендерот за набавка на 31 респираторна машина ги известиле дека нема да бидат во можност да ги испорачаат респираторните машини согласно договорот. Поради ова, јавната набавка се поништува и ќе биде повторно распишана.
-Во меѓувреме РС Македонија доби 12 респираторни машини од Европската Унија со што се надополнија посточеките капацитети. Вклучувајќи ги новите машини коишто пристигнаа, во здравствените институции ширум земјата во моментот има на располагање преку преку 130 респираторни машини, се вели во соопштението од Министерството за здравство.
Во моментов на респираторна машина има приклучено вкупно 11 пациенти, со што капацитетите се исполнети нешто помалку од 10 отсто.