Макеоднски железници се за Гинис. Патничкиот воз со број 641 кој сообраќа на релацијата Скопје-Битола, а кој утрово тргна од железничката станица во Скопје во 6:53 според возниот ред, а кој во Битола требаше да пристигне во 10:20 часот, се уште не е пристигнат, објави ТВ Тера во 14:38 часот.

Патници од возот велат дека прво чекале час и половина во Зелениково, а потоа неколку часа во Богомила.

Од железничката станица во Битола кажаа дека возот се уште не е пристигнат и немаат информации кога ќе дојде.

Во меѓувреме во 14:30 возот од Богомила тргнал кон Битола, велат патиниците кои се револтирани од долгото патување.