Возовите на Македонски железници на пругата Скопје – Велес сега наместо по 20 ќе може да возат и со 50 км на час, откако е завшена санацијата на оваа делница.
Санацијата што беше започната лани откако пред една година беше констатирано дека на делницата помеѓу Велес и постојката Рајко Жинзифов има сериозни оштетувања.
– Секторот ЗОП Скопје во изминатиот период работеше на замена на дрвени колосечни прагови и шини на делот меѓу станиците Рајко Жинзифов и Велес. Замената е завршена и брзината од 20 км/час е зголемена на 50 км/час, соопштија од МЖ Инфраструктура.
Во изминатиот период, како што пренесе порталот СДК, се работело на замена на дрвени прагови на делот меѓу станиците Јане Сандански и Зелениково и прооден колосек во станицата Зелениково. Работите биле завршени, по што брзината на возовите од 20 км/час е зголемена на 50 км/час.
Како што е наведено, се работело на замена на дрвени прагови во станицата Кадина Река на втор колосек, кој досега беше затворен за сообраќај, а сега е пуштен за сообраќај, со што се овозможува вкрстување на возови и зголемување на протокот на железничкиот сообраќај.
Кон оваа „фрапантна брзина“ на нашата пруга, не треба да се додава дека возовите низ многу земји во светов безбедно развиваат „одвај“ десетина-дватринаесет пати поголеми брзини.