Македонија засега не планира воведување контра – мерки кон Косово. Очекува целосно укинување на зголемените царини врз основа на досегашните преговори, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Според МЗШВ, по утрешниот состанок на министерот за економија Крешник Бектеши со косовскиот колега, ќе има многу повеќе детали за наредните чекори.
– Сите досегашни преговори ни даваат за право да очекуваме целосно укинување на зголемените царини. Затоа во овој момент, Македонија останува на ставот барем засега да не се воведуваат контра – мерки. По утрешниот состанок на Бектеши, ќе имаме и многу повеќе детали за наредните чекори, наведува МЗШВ.
Министерството и натаму останува на ставот дека разговорите со Косово во изминатиот период дадоа резултат, а како потврда за тоа го посочува фактот дека Приштина веќе ја повлече зголемената царина за дел од земјоделските производи.