„Рамо до рамо до победа“ продолжија и денеска со средби на тимовите на СДСМ со граѓаните во општините Валандово и Гевгелија.
Со граѓаните на Валандово денеска беше Гоце Георгиевски, кој се осврна на успешните политики на СДСМ во земјоделскиот сектор, особено на мерките креирани за младите земјоделци.
Младите земјоделци ги поддржуваме со два гранта од 10.000 и 20.000 евра за активно да се вклучат во земјоделството со сопствено земјоделско стопанство, а при тоа се ослободени од надоместокот за закуп на државно земјоделско земјиште, истакна Георгиевски.
Тој нагласи дека за прв пат оваа година се обезбедени и стипендии за студентите на земјоделскиот, шумарскиот и ветеринарниот факултет во висина од 18.000 денари за девет месеци, а најдобрите студенти од овие факултети имаат можност за платена пракса во институциите и можност за стекнување нови вештини.
За само две години, Владата предводена од СДСМ поддржа 531 млади земјоделци со над 6 милиони евра евра, рече Георгиевски, нагласувајќи дека разликата е јасна и очигледна.
Во Гевгелија рамо до рамо со граѓаните беше Никола Рилак, заедно со Виктор Велевски, кој истакна дека изминатата година на светска криза покажа колку е важно знаење и посветеност при менаџирањето на енергетскиот сектор.
Пред една година недостигот на енергија и растот на цените на енергенсите и струјата, како и лажните црни сценарија што ги ширеше опозицијата, за рестрикции и енормно покачување на цената на струјата предизвикаа загриженост кај граѓаните, но ние успеавме, струја имаше доволно благодарение на зголемување на домашното производство, а Владата предводена од СДСМ ги заштити граѓаните од ценовни шокови и обезбеди евтина струја за над 72.000 компании, рече Рилак.