Лестер вчеравечер го победи Саутемптон со 1:0 во полуфиналето на ФА купот и избори учество во мечот за трофејот.

„Лисиците“ стигнаа до финалето на Националниот куп за прв пат од 1969 година, кога тимот загуби со 0:1 од Манчестер сити.

За Лестер ова ќе биде петто финале во својата историја.

Противник на Лестер во финалето на ФА купот ќе биде Челзи кој претходно го победи Манчестер сити. Натпреварот ќе се одржи на 15 мај на „Вембли“ во Лондон.